„Вакцината на Трамп“ нема да биде одобрена пред ноември

Потенцијалната вакцина против Ковид-19, која е поддржана од програмата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наречена „Оперјшн варп спид“ (Operation Warp Speed) тешко дека ќе добие зелено светло од регулаторните тела пред ноември или декември, изјави синоќа директорот на американскиот Национален институт за здравје, Френсис Колинс.

Тој додаде дека е потребно да се даде доволно време за клиничките испиртувања на вакцината.

– Потребно е вакцината да се испита на најмалку 10.000 луѓе, тоа е најмала бројка на испитаниците за да се добијат доволно податоци дали вакцината е безбедна и ефикасна за широка употреба, наведе Колинс.

За последниот стадиум на испитување на вакцината во САД ќе бидат вработени повеќе од 30.000 луѓе.

Газдите на апартманите во Грција им мерат температура на гостите

Во Грција почна туристчката сезона со мал број гости. Најголем дел од туристите се од Србија откако грчките власти решија да ја отворат границата со Бугарија. Паралија, едно од омилените летувалишта на Македонците е празно поради строгите мерки со корона вирусот.

Лежалките се разместени на неколку метри а речиси секаде во затворен простор се задолжителни маски. Цените во маркерите и рестораните не се променети, па така популарното гиро и суфлаки чини од два до три евра.

Специјалните услови има и за газдите кои изнајмуваат апартмани. Тие мораат секојдневно да ги чистат просториите за гостите а биле принудени да набават специјални термометри за мерење на температура. Па така секое сабајле и навечер газдите на студијата со специјална опрема, ракавици , маски   визири им мерат температура. Доколку некој има покачена температура, или пак забележат дека не се чуствува најдобро должни се да го пријават во локалната амбуланта.

извор: kurir.mk

ВИДЕО: Водителот го праша Филипче дали ќе пие кафе со Лиде Лиде-Еве го одговорот

Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека веднаш после завршувањето на пандемијата, ќе пие кафе со познатата Лиде, која јавноста ја запозна преку коментарите на прес-конференциите на министерот во кои постојано го поканува на кафе и разговор.

Популарно