Жива е- ја пронајдоа пејачката Шинид О’Конор

Не се соопштува ништо за здравствената состојба.

20160517.osqecsxxto

Полицијата на Чикаго, во сојузната американска држава Илиноис, ја пронашла во понеделникот 49-годишната Шиенд О’Конор во хотел во предградие, објави телевизиски канал WGN-TV.

Ирската пејачка Шинид О’Конор беше пронајдена неповредена, неколку часа откако властите објавија дека е во бегство и почнаа истрага во предградие на Чикаго, пренесе Ројтерс. 49-годишната пејачка, која неодамна се закани дека ќе се самоубие, излегла во неделата наутро да вози и оттогаш беше во бегство, соопшти полицијата во соопштението. Веројатно нејзин близок се јавил на полицијата да соопшти дека е загрижен поради нејзиното отсуство.Пејачката била откриена во хотел во предградиена Чикаго, по што е одведена во болница. Не се соопштува ништо за здравствената состојба. Полицијата наведува само дека кога била пронајдена, ништо не било закана за нејзиниот живот. Шинид О’Конор стана светски позната во почетокот на 90-тите години со песната “Nothing Compares To You”, која стана светски хит.

1280x720-DiF-1024x576

Постојано во свои интервјуа во текот на годините таа сама е вели дека страда од депресија. Во 1999 година на нејзиниот роденден таа направи обид за самоубиство. Минатата година таа навести на Facebook дека обидела да се самоубие со предозирање дрога, потсети АФП.

Коментари

Популарно