Сончево наутро, дожд попладне

timthumb (1)

Денеска е понеделник, 6 јуни 2016 година, 158-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 208 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути.

Денов трае 15 часа и 7 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 21 часот и 20 минути.

Временска прогноза

Времето утре претпладне во источните делови ќе биде нестабилно, а од пладне променливо и нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Температурите ќе се дцижат од 8 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилност со променлив интензитет проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено денес и утре кога се очекува на повеќе места процесите да бидат поинтензивни. Во останатите денови од работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет. Во среда дневните, а во четврток утринските температури ќе се пониски за два до три степени.

Коментари

Популарно