Облачно во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд

Денеска претпладне не очекува значително облачно време во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд, на некои повисо ки места од дожд и снег, а на планините од снег. На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 4 степени.

ПОЛАРНИОТ БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ОЧЕКУВАЈТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО -11°C

Денес ќе имаме позначителна облачност, додека во вечерните и во ноќните часови ќе има услови за сосема слаб и локален дожд, на повисоките места и на планините ќе има слабо провејување на снег. Исто така поради продор на значително постудена воздушна маса која се спушта од север, ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој во текот на утрешната ноќ и во понеделник ќе биде со умерен, повремено и со засилен интензитет.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека од понеделник ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Поради разведрувањето, во вторник наутро ќе имаме многу студено утро со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени. Нова промена на времето и врнежи ќе имаме од среда во текот на ноќта кон четврток, детални информации околу ова понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени мете информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до нула, а дневната од 10  до 17 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Популарно