Денеска умерено облачно, но утре и задутре...

sonce-oblaci(3)

Денеска е среда, 8 јуни 2016 година, 160-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 206 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 15 часа и 9 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 8 часот и 28 минути, а ќе зајде во 22 часот и 57 минути.

Временска прогноза

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи во јужните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 20 до 26 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места, особено во западните делови од земјата.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а максималните дневни температури во јужните делови од земјата ќе го надминуваат 30-иот степен.

Коментари

Популарно