Денеска малку, утре многу дожд. За викендов...

meteo03.05

Денеска е четврток, 9 јуни 2016 година, 161-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 205 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 15 часа и 9 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 31 минута, а ќе зајде во 23 часот и 35 минути.

Временска прогноза

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе се зголеми облачноста и во јужните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено на југот и на запад од земјата.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а од недела попладне до вторник повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Коментари

Популарно