Боран-ага од „Сила“ ја напушта глумата и се сели во Бразил!

adevarul-despre-relatia-dintre-cansu-dere-si-mehmet-akif-alakurt-de-ce-s-au-sarutat-de-atat-de-putine_2_size2(1)

лумејќи во серијата „Сила“ како Боран-ага ги кршеше срцата на гледателките. Но маркантниот Мехмет Акиф Алакурт одлучи да го напушти светот на глумата, но и својата Турција и да се пресели во далечниот Бразил.

- Во Турција сериите на некој начин се како брза храна. Додека серијата е актуелна, речиси не ни можете да одите по улица. Можам да ви опишам една интересна случка. За време на снимањето на Аданца чекав на наплатните куќички на мостот. Во еден момент од сите автомобили во близината излегоа луѓе. Ги имаше 50, без претерување. Го обиколија автомобилот и удираа и по стаклата. Некој низ прозорецот во автомоиблот се обиде да ми уфрли дете. Друг навали - изјавил актерот Мехмет кој признал дека во такви ситуации не стравува за сопствениот живот.

- Повеќе од ништо не се плашам - рекол тој.

Мехмет открил и дека ќе се повлече од светот на глумата. Но, не само што одлучил да се повлече од актерството, туку својата одлука ќе ја зацврсти и со преселување на друг континент. Имено, актерот ја напушта Турција и се сели во Бразил, кадешто купил фарма на која ќе се посвети на одгледување коњи и кучиња.

Коментари

Популарно