(ВИДЕО) Жешки сцени во спотот „Свири ми виолино“ на Душко Георгиевски

1dule-640x360

Фолк пејачот Душко Георгиевски со модерен и провокативен спот ја овековечи приказната од песната „Свири ми виолино“.

2dule-640x360

Пејачот годинава, го реализира проектот насловен „Свири ми виолино“ по истоимената песна, наградена на минатогодишниот„Фолк фест Валандово“.

3dule-640x426

Спотот е динамичен и современ, со еден нов пристап во создавањето видеозаписи за фолк музиката.Со доза на провокативност, фолк пејачот ја раскажува приказната за загубената љубов, која ја лекува преку звуците на виолината.

dule-640x360

Видеозаписот е дело на „Артстудио“, а во него се појавуваат манекените од Модното студио „Црнокрак“, музичката група „Фор Стрингс“. Локациите на спотот се во убавиот амбиент на „Буши Ресорт и спа“, каде се снимени и најпровокативните делови и на Хотелот „Романтик“ на езерото „Младост“.Песната е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски –Гокса.

„Ми беше тешко да го прифатам како предизвик, но сепак сугестиите на тимот кој го работеше видеозаписот беа во насока на тоа да отстапиме од веќе виденото во нашите спотови на фолк естрадата и да бидеме похрабри. Ова е освежување и за публиката, во чекор со она што се прави на поголемите музички пазари. Јас го прифатив предизвикот и мислам дека направивме добра комбинација на еден модерен и динамичен спот, особено што песната е таква и е прифатена досега од помладата публика“ – вели фолк пејачот.

Коментари

Популарно