Bebe Rexha е следна голема светска ѕвезда. 27 годишната пејачка веќе сними дует со Nicki Minaj кој на YouTube е прегледан повеќе од 110 милиони пати.

Биби, како што ја изговараат Американците беше хит на MTV VMA 2016 година, но ретко кој во Македонија знае дека таа има двојно државјанство, македонско и американско.

Всушност, родителите на Bebe се Албанци од Македонија. Таа е родена во сад од кога тие се мигрирале таму. Инаку, татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар.