Леонардо ди Каприо ќе патува на Марс!

Во понеделникот, американскиот актер Леонардо ди Каприо имаше излагање за климатските промени и презентација на неговиот документарен филм "Before the Flood" пред одбрана публика, меѓу која беа и американскиот претседател Барак Обама и научничката Кетрин Хајхое.

За време на панелот, Хајхое рече дека не треба да се земаат сите извештаи здраво за готово и да се реагира како човечко суштество на Земјата, по што се пошегува: "сѐ додека се немаме пријавено за пат на Марс", на што Лео тивко одговори "јас се имам пријавено".

leonardo-dicaprio-east-los-angeles-oscar0

Панелот беше прикажуван во живо на Фејсбук страната на Леонардо ди Каприо, а неговата изјава за патот на Марс можете да ја погледнете околу 24-та минута.

Како што пишува "Business Insider", Лео најверојатно мислеше на патот до Марс кој го планира Елон Маск, кој нема да се случи сѐ до 2025 година.

Дотогаш, ќе може да си уживаме во неговите актерски способност и да го гледаме во бројни филмови, како и во неговиот документарен филм кој ќе биде премиерно прикажан на 31-ви октомври на "National Geographic".

Коментари

Популарно