Како да се вработите во Виена?

Доколку сте од оние кои својата иднина ја гледаат некаде во западните европски држави, овој текст со практични совети за работа во Виена може многу да ви помогне.

Weihnachtsmarkt Schšnbrunn in Wien, Nachtaufnahme vor historischem Hintergrund

Weihnachtsmarkt Schšnbrunn in Wien, Nachtaufnahme vor historischem Hintergrund

Што е потребно за работа во Виена?

За да работите во Виена потребно ви е повеќе од дозвола за престојување. Законот за вработување на странци (Ausländerbeschäftigungsgesetz - AuslBG) претставува основа за одобрување на пристапот на странската работна сила на австрискиот пазар на труд. Решенијата за барањата од таа област ги донесува Заводот за вработување (Arbeitsmarktservice - AMS).

Во Австрија имате законска обврска за социјално осигурување (Sozialversicherung-SV). Тоа значи дека ако работите, а вашите примања се над границиата на заработка до која не се плаќаат придонеси или таканаречени „Geringfügigkeitsgrenze“ (за 2014 395.31 евро месечно), тогаш имате автоматско здравствено и пензиско осигурување како и осигурување во случај на несреќа на работа. Приватните претприемачи и луѓето кои бараат работа имаат можност да се осигураат самостојно или да се осигураат преку член на семејството.

Постојат голем број советувалишта кои одговараат на вашите прашања во врска со вработувањето и законот, а ви помагаат и во случај на невработеност и во потрага по работа. На лицата со инвалидите им се олеснува професионалната интеграција. Оние кои сакаат да бидат самостојни може да добијат советување за основање на приватна компанија.

Критериуми за населување со квалификуваната работна сила

Црвено-бела-црвена карта (Rot-Weiss-Rot-Karte)

На почетокот на јули 2011 година на сила стапија новите правила за населување на странци со одредена квалификација. За таа цел се воведе нова дозвола за населување поточно црно-бела-црвена карта. Таа квалификуваните луѓе ги поврзува со одреден работодавец на период од најмалку три години, после што личноста може слободно да се пријави во Агенцијата за вработување.

Оваа карта се издава во четири различни случаи:

1. Посебно високо квалификувани

Луѓето кои ќе постигнат најмалку 70 до 100 бодови се сметаат за „посебно високо квалификувани“. Овие луѓе во прилог на сите докази за својата квалификација може да поднесат барање за издавање на виза D во надлежната австриска амбасада. Во случај на издавање на виза D личноста може да бара работа во Австрија најмногу во рок од 6 месеци.

Доколку посебно квалификуваната личност најде вработување соодветна на неговата квалификација, можно е издавање на црвено-бело-црвена-карта на година дена.

Членовите на семејството (брачните партнери и малолетните деца кои не се во брак) имаат право за дозвола за населување со слободен пристап до пазарот на трудот.

2. Останати работници

Луѓето кои ќе постигнат најмалку 50 до 75 бодови, можат да добијат Rot-Weiss-Rot карта како останатите работници. Условот е веќе да постои понуда за одредено работно место. Месечната бруто плата за личности под 30 години мора да изнесува најмалку 2.200 евра, а за личности постари од 30 години најмалку 2.664 евра. Барањето за издавање на ваков вид на карта може да биде одбиен доколку бирото за вработување веќе регистрира лица со исти квалификации.

Членовите на семејството (брачните партнери и малолетните деца кои не се во брак) имаат право на дозвола за населување со слободен пристап до пазарот на трудот доколку со барањето приложат потврда за познавање на германскиот јазик, ниво А1.

3. Лица кои ги имаат завршено студиите во Австрија

Студентите во Австрија можат пред истекувањето на нивната последна дозвола за престојување во Австрија можат да бараат продолжување на престојот на шест месеци со причина дека бараат работа. Студентите кои нашле вработување соодветно со нивното образование можат да добијат ваква карта доколку идната бруто месечна плата им изнесува најмалку 1.998 евра.

Членовите на семејството (брачните партнери и малолетните деца кои не се во брак) имаат право на дозвола за населување со слободен пристап до пазарот на трудот доколку со барањето приложат потврда за познавање на германскиот јазик, ниво А1.

4. Дефицитарен стручен кадар

По наредба на владата, годишно се издава листа на професии кои се дефицитарни во Австрија. Луѓето кои ќе постигнат најмалку 50 до 75 бодови можат да добијат Rot-Weiss-Rot карта како експерт во дефицитарната професија. Условот за тоа е понуда на работно место според струката со плата која одговара на колективниот договор, законот или обичајот на таа индустрија.

Членовите на семејството (брачните партнери и малолетните деца кои не се во брак) имаат право на дозвола за населување со слободен пристап до пазарот на трудот доколку со барањето приложат потврда за познавање на германскиот јазик, ниво А1.

Сина карта-ЕУ

Врз основа на законот на Европската Унија донесен на 01.07.2011 година се воведува дозвола за „Сина карта - ЕУ“. Оваа дозвола за престојување во Австрија може да ја добијат високообразовните лица (универзитетско образование во траење од најмалку три години). Условот е веќе да постои понуда за работно место кое одговара на степенот на образование, со месечна бруто плата од најмалку 3.800 евра.

Барањето за Сина карта-ЕУ може да биде одбиено доколку на бирото за вработување веќе се регистрирани лица со иста квалификација.

Членовите на семејството (брачните партнери и малолетните деца кои не се во брак) имаат право за дозвола за населување со слободен пристап до пазарот на трудот.

Постапка

Барањата за Rot-Weiss-Rot карта или Сина карта-ЕУ се поднесува во надлежната австриска амбасада. Доколку квалификуваната личност веќе легално се наоѓа во Австрија (врз основа на безвизен туристички престој или со правото за престој за студентите со завршени студии во Австрија) барањето може да се поднесе кај надлежниот орган во Австрија.

Барањето се поднесува лично со писмена потврда од идниот работодавец. Постапката трае најмногу осум недели.

Коментари

Популарно