Поранешниот албански новинар Мухамед Зекири за Anadolu Agency (АА) ги коментираше гласовите на Албанците за СДСМ на парламентарните избори во Македонија. Тој доби мандат на пратеник како кандидат од една македонска политичка партија, која за првпат во историјата на плуралистичка Македонија беше гласана масовно во местата населени со етнички Албанци.

Во интервјуто за АА, Зекири зборува за причините поради кои Албанците гласале за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) предводена од Зоран Заев.
По критиките кон него од дел од албанската јавност во Македонија, според кои учеството на Албанците во македонска партија е погрешно, од оваа временска перспектива Зекири вели дека вреди да се преземе еден ваков храбар чекор.
„Вредеше целиот овој труд, бидејќи Албанците напишаа историја на овие избори. Со гласањето за СДСМ, Албанците го осудија овој режим и направија тој да не биде повеќе на власт и да не може да функционира на истиот начин како во изминатите 10 години. Ако не беа Албанците и нивните гласови, ова немаше да се случи. Албанците беа сензибилизирани и на најдемократски начин со своите гласови ја спасија Македонија и посведочија со нивните гласови дека ја сакаат оваа земја повеќе од самите Македонци“, рече Зекири.