Купете карти и навивајте силно за Македонската фудбалска репрезентација на 22 Март во пресрет на дуелот со Белгија, во натпреварот од квалификациите за СП Бразил 2014. Картите можете да ги набавите во сите продавници на „Оне“ , на „купи карти за се“ и проследете го овој фудбалски спектакл со почеток во 20:45 часот.

Цената на влезниците се движи од 200 до 600 денари, во зависност од трибината и местото за следење на натпреварот. Најевтините влезници од по 200 денари се за трибините зад головите исток и запад и крајните блокови на север и југ. Во зависност од местоположбата на север и југ ќе има и влезници од 400 и од 600 денари.
Најголемиот број влезници 15.000 ќе се продаваат за 200 денари, а само 6.000 ќе бидат по цена од 600 денари.