Кралот на саксофонот Ферус Мустафов деновиве гостуваше во утринската емисија на телевизија Сител „ Ја сакам Македонија“ каде откри шокантна информација за најголемиот бакшиш кој го добил во својата кариера како музичар.

Во разговор со водителката Ферус раскажа за многу интересни случки од настапите, а за разлика од повеќето свои колеги кои не откриваат колку бакшиш земаат, тој горделиво и без резерва откри вртоглава сума.
Имено, на настап во Франција, Ферус од богаташ добил 130 илјади евра во една вечер, додека во Македонија најголемиот бакшиш му бил 3000 евра.
Со вакви суми, епитетот крал и тоа како му одговара.