Уапсен Владимир Рувинов Љац во близина на Владата во Скопје

Денеска попладне во близина на Владата уапсен е Владимир Рувинов Љац, познат охриѓанец, од кого неодамна Субрата Рој го купи хотелот Славија.

Сител телевизија објави дека Љац бил уапсен поради сериозните закани кон кандидатот на владеачката коалиција за Охрид Aлександар Н., како и заканите кон неколку пратеници од Охридскиот крај. Според СИТЕЛ Љац дал отпор при апсењето, затоа полицијата морала да употреби и сила.

Коментари

Популарно