(ФОТО) ДВАЈЦАТА ВО БЕЛО: Потсетете се како изгледаше Калиопи на свадбата со Васил Зафирчев!

Калиопи постојано ја гледаме со насмевка на лицето како ниже хитови, концерти и стекнува се поголема армија на фанови.

Но кога е приватниот живот во прашање, таа не сака толку да открива. Сепак во една пригода поп дивата отворено проговори за двата брака зад себе.

Многу ми е убаво, уживам во емоционалната слобода и духовниот мир. За трет брак не ни размислувам. Оваа состојба има многу предности, бидејќи сум си свртена пред се, себеси, што не беше случај ниту во првиот ниту во вториот брак.

Денес се грижам за својот изглед и дух, вежбам и се трудам да живеам што поздраво. Во браковите заборавав дека сум жена, нежна и чувствителна, онаа која треба да биде женствена и дотерана, да се сака себеси и како таква да ги сака другите, изјави во една пригода Калиопи.

Таа беше во седумгодишен брак со актерот Васил Зафирчев немаше деца, а од првиот брак со композиторот Ромео Грил го има 22-годишниот Пако.

Погледнете како изгледаше Калиопи на свадбата со Зафирчев!

Коментари

Популарно