Убави, образовани и професионални: Македонски ескорт дами заработуваат 150 евра за час!

Скопје, Битола, Кичево, Кавадарци се дел од онлајн сајтови како што се brothels in the world, escort girls news каде се нудат ескорт-девојки почнувајќи од 150 евра  до 1.000 евра зависност од услугата.

На овие сајтови има фотографии од девојките на кои вообичаено им е прикриено лицето, детален опис на нивните физички предиспозиции, како и листа на сексуалните услуги кои ги даваат, како и контакт телефони.

Цената се движи од 150 евра за час до 1.000 евра за 12 часа.

Една скопјанката која се потпишала како ТА под огласот има ставено слика на која се покажуваат нејзините бујни задни атрибути.

"Можете да ме посетите во мојот град, а доколку сакате можам и јас да ви се придружам на вашето бизнис патување. Времето поминато со мене ќе биде одлично организирано, ќе биде мое задоволство и привилегија за да се грижам за остроумни господа, дами или парови кои посакуваат ексклузивно, убаво и апсолутно дискретно друштво".

Цената за еден час дружба со ТА е 150 евра, а секој нареден час се доплатува уште по 100 евра.Плаќањето, назначила ТА, е исклучиво во кеш. Во описот на оваа 32годишна ескорт дама стои дека е висока 175 сантиметри со средно големи гради, дека зборува англиски и шпански јазик. Од нејзиниот долг список на еротски услуги се избришани само оралниот секс и францускиот бакнеж.

На ескорт огласите, дамите од Македонија себе си се опишуваат како убавици што поседуваат интелигенција, образование и професионализам.

Коментари

Популарно