Вчера, на првиот канала на Радио и телевизија Србија, се емитуваше големото финале во остварување на познатиот Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“.

Како и во претходните епизоди, така и оваа беше полна со страсти, страв, насилство, крв и секс.
Гледачите оваа сцена ја оценуваат како најбрутална во првата сезона на познатиот филм, каде главни актери во неа се Гордан Кичич и нашата актерка Јана Стојановска.
Се започнува во дневната соба на калуѓерот, односно Алимпија Мириќ, кого го игра Гордан Кичич.
Двајцата водат провокативен разговор, а нашата Јана се соблекува скроз гола. За изненадување, ниту една сцена не е воопшто цензурирана.
Српските медиуми пишуваат дека ова било најексплицитната сцена во некое нивно остварување.
Младата македонска актерка Јана Стојановска ја гледаме секоја недела во Тв серијата „Сенки над Балканот“, која е работена во српско-македонско-руска копродукција. Во Јана оживува ликот на Јована, сестра на македонскиот револуционер Дамјан Арсов, а го игра Тони Михајловски. Израсната со бардот на македонското глумиште, дедо и Ацо Јовановски-Снагата, а ќерка на театарските херои од деведесеттите, Шприцер и Цвета од „Грев или Шприцер“, познатите актери Ненад и Силвија Стојановски, за Јана е сосема природно што се определила за глума.



