Старите холивудски ривали Шварценегер и Сталоне се обединуваат во тешки времиња

Aрнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне имаа лош меѓусебен однос во текот на нивните холивудски кариери.

Но, набргу нивното непријателство премина во меѓусебно почитување додека постепено не прерасна во неочекувано пријателство, кое никој не го предвиде, но на сите им беше мило што е така.

Сега, додека здравјето на нивниот близок пријател и славен актер Брус Вилис се влошува во битката со деменција, култниот двоец повторно се обедини за да ги поддржи Вилис и неговото семејство во такви тешки времиња, пренесуваат американски медиуми, кои потсетуваат на нивната меѓусебна нетрпеливост.

Имаше доста кавги помеѓу Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне на почетокот на нивните актерски кариери. Од планирање разработени шеми за одмазда до гаѓање со џиновски сад со цвеќиња, двајцата се потрудија да си враќаат еден на друг, со што нивното меѓусебно непријателство стана очигледно и јасно како ден.

Но, тоа беше во минатото, со оглед на тоа што поранешниот бодибилдер и ѕвездата на „Крид“ сега се одлични пријатели.

И додека двајцата ги здружуваат силите за да му помогнат на својот стар колега и близок пријател Брус Вилис кога му се најпотребни, Шварценегер и Сталоне уште еднаш докажуваат дека нема поголема врска од пријателството.

Најпознат по улогата на Џон Меклејн во „Умри машки“ од 1988 година, Вилис се повлече од глумата во март 2022 година поради болест што предизвикува тешкотии во говорот и комуникацијата. А минатиот месец неговото семејство објави дека му бил дијагностициран ран стадиум на деменција.

Но, иако здравјето на Вилис е во опаѓање, неговите пријатели и семејството се здружија да застанат како извор на обединување покрај него. Дури и неговите колеги, меѓу кои и поранешниот гувернер на Калифорнија и ѕвездата на „Роки“, му ја дадоа својата поддршка на Вилис, но и на неговите најблиски.

Инсајдер откри дека некогаш заколнатите непријатели сега се на чело на линијата и нудат да направат сè што можат, 24/7“, заедно со Џејсон Стејтам, уште еден од холивудските врсници на ѕвездата на „Нескршливи“.

(Видео) Нов документарец на „Нетфликс“ ги вознемири гледачите

Најновата документарна серија „Вако: Американска апокалипса“, која вклучува досега невиден материјал од озлогласениот 51-дневен конфликт меѓу федералните агенти и вооружената религиозна група во 90-тите, ги вознемири гледачите.

Серијата на „Нетфликс“ е дефинитивен приказ за еден од најчудните настани во Америка и истражува што се случило во Вако, Тексас, во 1993 година кога култниот водач Дејвид Кореш се соочил со федералната влада во крвава 51-дневна опсада.

Првата сезона содржи три епизоди и комбинира снимки од тоа време и интервјуа со лица вклучени во тој настан.

„Waco: American Apocalypse е објавена за да се совпадне со 30-годишнината од националната трагедија и нуди ексклузивен пристап до неодамна откриените видеоснимки направени на командното место на ФБИ за преговарање за заложници“, открива синопсисот.

„Вклучува и необработени снимки од вести што никогаш не биле објавени во американската јавност, како и прислушувања на ФБИ“, стои во описот.

Гледачите што веќе ги изгледале трите епизоди се огласија на социјалните мрежи за да ги споделат своите размислувања за најновата серија на „Нетфликс“, а многумина беа огорчени од една луда и одвратна соговорничка, како што напишаа.

Поранешната жителка на Вако, Кети Шредер, била дел од култот на Кореш и оттогаш жестоко го брани лидерот на култот во врска со наводната злоупотреба на малолетнички.

„Жената што го оправдува тој човек, кој имал секс со 12-годишни девојчиња затоа што е бог, навистина ме наежи затоа што се чини дека таа сè уште верува во тоа“, гласи еден од коментарите. „Гледам Waco: American Apocalypse на ‘Нетфликс“. Седум минути и моите први мисли се дека белата Америка не е здрава“, „Најтажниот дел од таа приказна се невините луѓе убиени од АТФ и ФБИ“, се некои од коментарите.

Нетфликс ја објави листата на најгледаните филмови и серии досега

Популарната платформа за стриминг Нетфликс објави листа на најгледани филмови и серии досега.

Најголемите хит сеии и филмови, Нетфликс ги одвои според бројот на часови на гледање. Имено, до 2021 година платформата го следеше бројот на сметки кои почнуваат да гледаат серија или филм, но од тогаш почнаа да ја бројат гледаноста според бројот на часови на гледање.

Ова се десетте најгледани серии на англиски јазик:

1. Stranger Things – 4. сезона – 1.352.090.000 часа гледање

2. Wednesday – 1. сезона – 1.237.150. 000 часа гледање

3. DAHMER – 856.220.000 часа гледање

4. Bridgerton – 2. сезона – 656.260.000 часа гледање

5. Bridgerton – 1. сезона – 625.490.000 часа гледање

6. Stranger Things – 3. сезона – 582.100.000 часа гледање

7. Lucifer – 5. сезона – 569.480.000 часа гледање

8. The Witcher – 1. сезона – 541.010.000 часа гледање

9. Inventing Anna – 511.920.000 часа гледање

10. Ginny & Georgia – 2. сезона – 504.780.000 часа гледање

Ова се десетте најгледани серии кои не се на англиски јазик:

1. Squid Game – 1. сезона – 1.650.450.000 часа гледање

2. Money Heist – 5. сезона – 792.230.000 часа гледање

3. Money Heist – 4. сезона 619.010.000 часа гледање

4. All of Us Are Dead – 1. сезона – 560.780.000 часа гледање

5. Money Heist – 3. сезона – 426.400.000 часа гледање

Популарно