ЕКСКЛУЗИВНО Цела листа: Кој министер има најголема плата

Комплетен список на платите на сите министри од Владата во нето суми

Ова е за прв пат да се добие информација од ваков тип во нето износ, а не како што беше досегашната пракса, кога бројките кои беа доставувани до медиумите беа изразени во коефициенти.

Треба да се спомне и дека информации од ваков тип до сега медиумите најчесто добиваа преку користењето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а процедурата трае минимум 15 дена.

Во продолжение платите на сите министри од новата Влада:

Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, нето плата: 71.100 денари

Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, нето плата: 71.100 денари

Радмила Шекеринска Јанковска, Заменичка на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, нето плата: 71.100 денари

Кочо Анѓушев, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, нето плата: 71.100 денари

Роберт Поповски, Mинистер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, нето плата: 65.823 денари

Едмонд Адеми, Министер без ресор задолжен за дијаспора, нето плата: 65.823 денари

Аднан Ќахил, Министер без ресор задолжен за странски инвестиции, нето плата: 65.823 денари

Самка Ибраимовски, Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, нето плата: 65.823 денари

Зоран Шапуриќ, Министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, нето плата: 65.823 денари

Зорица Апостолска, Mинистеркa без ресор задолжена за странски инвестиции, нето плата: 65.823 денари

Рамиз Мерко, Mинистер без ресор, задолжен за странски инвестиции, нето плата: 65.823 денари

Хазби Лика, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, нето плата: 71.100 денари

Никола Димитров, Министер за надворешни работи, нето плата: 65.823 денари

Драган Тевдовски, Министер за финансии, нето плата: 65.823 денари

Арбен Таравари, Министер за здравство, нето плата: 65.823 денари

Билен Саљији, Министер за правда, нето плата: 65.823 денари

Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски, нето плата: 65.823 денари

Крешник Бектеши, Министер за економија, нето плата: 65.823 денари

Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанствo, нето плата: 65.823 денари

Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, нето плата: 65.823 денари

Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика, нето плата: 65.823 денари

Рената Тренеска Десковска, Министерка за образование и наука, нето плата: 65.823 денари

Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа, нето плата: 65.823 денари

Роберт Алаѓозовски, Министер за култура, нето плата: 65.823 денари

Садула Дураки, Mинистер за животна средина и просторно планирање, нето плата: 65.823 денари.

Коментари

Популарно