Чии пари брои Ахмети во својот кабинет?

Фотографијата од кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети  денеска е главна споделувана содржина на социјалните мрежи. На неа се гледа дека во просторија во партиското седиште во Мала Речица тетовско има машина за броење на пари сместена покрај работното биро.

Оваа слика е направена непосредно по усвојување на законот за употреба на јазиците и на неа може да се забележи како Али Ахмети погледнува кон портретот на Адем Јашари кого албанската заедница го дожувува како свој херој.

Сепак, апаратот за броење на пари кој е во позадина збуни многу луѓе, а истиот беше повод и за критики на социјалните мрежи, како и на опозициските албански медиуми.

Коментари

Популарно