Дали е ова најбизарниот грабеж во историјата? Украл 800 метри пат, па го продал бетонот за 640 евра: "По тој пат никој веќе не вози

Дека сиромаштијата поттикнува креативност докажал еден крадец од Кина, кој украл некои 800 метри бетонски пат, и го продал на фабрика за гредежен материјал за 5.000 јуани, што е околу 640 евра.

Крадецот меѓутоа немал среќа, бидејќи жителите од селото Санкешу во покраината Јиангсу на истокот го пријавиле исчезнувањето на патот во полицијата, јавува агенцијата "China News Service". 

Селаните најпрво мислеле дека патот се обновува, но полицијата подоцна утврдила што навистина се случило.

Инвентивниот маж изнајмил градежен алат со кој одземал 800 метри од патот, блоковите ги натоварил на камиони и ги однел пред фабриката, која ги купила.

"По тој пат повеќе никој не возеше. Па зошто тогаш да не ги земам бетонските блокови и нешто да заработам", искрено се запрашал извршителот во изјавата во полицијата.

Вкупно препродал 500 тони бетон.

Кинеските корисници на интернет масовно го коментирале неговиот чин. "Сиромаштијата ги прави луѓето креативни", напишал еден, а друг сугерирал дека "најпримерна казна за него би била да мора сам да го поправи уништениот пат".

Коментари

Популарно