Амди Бајрам: Тоа за Зајко (Заев) и кафезот беше шега

Амди Бајрам призна дека е сончоглед. Кој е на власт, тој таму се врти. Вечерва беше гостин на „Само вистина“ на Канал 5 каде на прашањето дали останува на тоа секогаш да биде со власта, тој одговори дека тоа е точно.

-Точно е дека јас сум секогаш на власт. Секогаш сум кажувал дека кој е на власт, јас сум со вас. Нормално е да бидеш во власта, бидејќи јас сум единствен Ром во Собранието и сам ништо не можам да направам. Груевски доста направи за нас Ромите и јас тоа го ценам. Задоволни сме од таа коалиција, но со заминувањето на Груевски и јас ја напуштив таа коалиција, рече Бајрам.

На прашањето на новинарката за ветувањата на Амди, за кафезот за премиерот Заев и за морковот кој тој му го нудеше во кампањата, тој кратко одговори:

– Тоа беше шега, и тоа е.

Веќе не сум Кока Кола, туку сум најстар пратеник со мандати во Парламентот на Република Македонија. Тука сум да ја застапувам мојата политичка партија, да покажеме дека постоиме и ние Ромите во Македонија.

– Она што новата власт го прави, го поддржувам. Гледате дека во ова сега е вмешана Европа и цел свет. Мислам дека на добар пат сме, тоа е еден добар показател за Македонија, рече Бајрам во однос на прашањето за македонско – бугарските односи, како и потезите на новата власт за името и договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Коментари

Популарно