Билјана Ванковска: Полицијата почнала да приведува поради ставови искажани во ФБ постови

Професорката од правниот факултет на универзитетот Кирил и Методиј, Билјана Ванковска, која е една од иницијаторките и потписници на „Отвореното писмо до политичките лидери на Република Македонија“, на својот фејсбук профил ги предупреди сите свои пријатели и следбеници дека полицијата почнала да приведува за ставови искажани на Фејсбук.

- Добив информација дека полицијата почнала да приведува поради ставови искажани во ФБ постови. Ова го кажувам не за да ве исплашам или за да замолчиме, туку само да бидете свесни и одговорни: ова е веќе далеку од забавно и смешно, а вашите фрустрации и гнев оставете си ги дома! Повиците за насилство не ги оправдувам во никаква форма изразени, а и сум ве опоменувала и бришела за непристојности или за повици на насилство или нетрпеливост. Се разбира, Тричковски нема да го повикаат, знаете и зошто. Треба да дискутираме овде, особено кога медиумскиот простор е или затворен или контролиран, но имам должност како некој кај кој голем број луѓе коментира, а мојот профил е следен од миг во миг, да ви кажам да водите сметка со што се соочуваме. Јас за себе сум свесна и одговорна и знам што кажувам, но некои од вас се можеби неуки или понаивни па мислат дека ФБ е царство на слободата на мислата - но, не е. Одејќи накај ЕУ, или заради влегување во НАТО, на добар пат сме да залутаме во Турција и некои други автократии каде луѓе се санкционираат за слободно искажана мисла. Не се лутам ни ако нема лајкови и слично  :-) Знам дека сум читана. Тоа е најважно.

Коментари

Популарно