Девојката која тврдеше дека пуши марихуана јавно на улиците на Скопје е приведена вчера.
Додека ја приведувале девојката, новинарката Кристина Мачкиќ од Dosie.mk фотографирала со телефонот, но полицијата и го одзела и барала се да избрише. Новинарката Мачкиќ кажа дека објаснувањето на полицијата било дека немала камера и не знаеле со сигурност дека е новинар.
-Се понудив да одам во станица и да ги видат фотографиите, посебно што беа сликани од грб и не се гледаше лик на ниту еден полицаец, но ги избришаа, вели Мачкиќ кога воедно е член на Управниот одбор на ЗНМ.