Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Ранковце

Две лица на педесет и две годишна возраст се потешко повредени, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила во атарот на селото Псача, Општина Ранковце.

Во несреќата учествувале две возила, патничко моторно возило „Тико“ и товарно возило со српски регистарски ознаки, при што тројцата повредени се превезувале со „тикото“.

-На 30 мај 2023 во 14:45 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, атар на село Псача, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од педесет и две годишниот З.К. од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од четириесет и осум годишниот Б.С. од Република Србија, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.  

Таа изјави дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило на возраст од дваесет и една година, Д.К. од Крива Паланка. Повредените биле пренесени со возило на Итна медицинска помош Крива Паланка во Општа болница во Куманово каде се констатирани повредите.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а во интервенцијата за извлекување се вклучила и екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. 

Маж загина во тешка сообраќајка на патот Штип - Кочани

На 29.05.2023 во 12.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(62) од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(41) од с.Будинарци, беровско.

На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

Малолетничка излетала со трактор во кумановско, 63 годишниот сопатник загинал на лице место

На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал.

На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Популарно