Македонија избрза: Се менува законот во ЕУ - Грција нема да може да стави ВЕТО?

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека Европката комисија на есен подготвува нов систем на донесување одлуку во врска со преговорите за членство во Евроспката Унија, по што повеќе нема да биде потребна едногласна одлука од сите земји, туку само од квалификувано мнозинство.

„Европската комисија се подготвува на есен да предложи во иднина за претпристапните преговори за државите кандидати за членство во ЕУ, повеќе да не биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку квалификувано мозинство, со што би можеле да бидат надгласани оние што би се обиделе да блокираат“, објави весникот.

Дека навистина тој предлог ќе се најде на маса потврди и европскиот комесар Јоханес Хан.

– Европската комисија спремна е на есен да предложи во иднина за одлучување на условите за пристапните преговори со кандидатите за членство во ЕУ дека повеке не е потребна едногласна одлука на сите држави членки , туку одлуките да се носат со квалификувано мнозинство ,а тоа ќе значи да оние кои ги блокираат процесите со новите измени ќе можат да бидат надгласани. Секогаш ќе бидам наклонет конечните одлуки за пристап на одредени земји кандидати за полноправно членство да се носат со едногласна одлука, но за многу мали чекори на тој пат , во текот на пристапните преговори можеме да предложиме да биде доволно и квалификуваното мнозинство. -jа пренесува изјавата на  Хан, весникот “Вечерњи лист”

Коментари

Популарно