Ристо Вртев од „Архангел“ со порака до народот од сцената на прославата за покана во НАТО

Со многу мала посетеност и без голема еуфорија, иако настапи еден од најеминентните рок-бендови во македонската историја - „Архангел“, во Скопје мина прославата за поканата и почетокот на предпристапните преговори со НАТО, за што може да се каже дека самата најава дигна повеќе прашина отколку настапот на 40-ина изведувачи во 15 македонски градови.

- Купен мир и тишина 11 години. Време е Македонците да тргнат напред. Македонија е богата земја и луѓето повеќе не смеат да бегаат од дома или да се кријат од локални силеџии и пробисвети - порача основачот на „Архангел“, Ристо Вртев, додека ги изведуваше хитовите на групата.

Коментари

Популарно