Нападната активистка на Левица на прославата во Скопје - полицијата не реагирала!

„В А Ж Н О

На вечерашната владина прослава во Скопје, по повод наводната покана за членство во НАТО, активистка на Левица беше физички нападната од двајца непознати машки особи, најверојатно членови на една владејачка партија! 

Таа, заедно со други наши антимилитаристички активисти, држеше транспарент на кој пишуваше: „НАТО = Војни, Крв, Солзи, Смрт“. 

Но, симптоматично е тоа што најблискиот полицаец од присутните униформирани екипи, кои го обезбедуваа настанот во Градскиот парк, ОДБИ да состави записник за инцидентот, и покрај уредната пријава на девојката!?

По ова, таа - заедно со адвокат - се упатени кон полициската станица „Беко“, каде случајот ќе биде пријавен!

p.s. Ова се случува само ден по одлуката на Уставниот суд на РМ во која беше утврдена политичка дискриминација врз наши членови и попречување на слободата на јавно изразување!

Министерство за внатрешни работи

#ОваЛиСеТиеЕвропскиСтандарди 

#Срамота“

Коментари

Популарно