Чудна професија: Место за секс мажите и плаќаат за...

Таа тврди дека мажите сакаат да ги понижува и за тоа ѝ плаќаат пари. Ава од Австралија е “финансиска домино дама”, која живее раскошен живот, кој мажите, нејзините клиенти со задоволство го финансираат и не очекуваат интимност за возврат.

Вели дека на тие мажи им е доволно да ја гледаат и да бидат понижени, односно дека тоа им е подобро од секс каде ќе ги деградира како богата љубовница.

Ава од Сиднеј за состанок лице в лице ја наплаќаат 300 австралиски долари, за разговор од 15 до 20 минути по пат на Интернет 50 долари и 100 долари за термин на Скајп.

-Поголемиот дел од моите клиенти не сакаат секс со мене, бидејќи се чувствуваат недостојни, па не би било во ред. На овој начин им е повеќе возбудливо и благодарни ми се за тоа, кога ќе ги удрам на лице или плукнам, вели Ава за Дејли Меил.

Таа повеќе од 10 години работела малопродажба и угостителство, но поради недостаток на пари започнала да ги продава чорапите и долната облека на Интернет. Набрзо сфатила дека сè повеќе мажи ѝ нудат пари без посебна причина.

-Возрасните мажи започнаа да доаѓаат во мојата куќа со стотина долари за да платат да седат со мене, пијат вино и да слушаат како вербално ги напаѓам, вели таа.

Додава дека некои од мажите сакаат со неа да се сретнат пред банкомат за да ѝ дадат пари, повторно без некои поголеми очекувања, освен да бидат понижени, па одлучила да ја напушти работата. Сосема се посветила на новата “професија”, па сега живее од парите или подарок картичките од таквите мажи.

Некои клиенти уживаат во тоа да ѝ купуваат подароци, а оние кои сакаат лично да ја запознаат поминуваат низ строга процедура. Ако ѝ се допаднат таа ќе одвои време за нив.

Ава истакнува дека за неколку недели заработила илјади долари, но признава дека се случува и тоа да нема никаква заработка.

Коментари

Популарно