Вагиналното здравје е важен дел од вкупната здравствена состојба на секоја жена. Вагиналните инфекции се меѓу најчестите проблеми поврзани со женското здравје. Чешањето, мирисот и исцедоците се меѓу најпопуларните симптоми.

Но што да правиме, кога ќе се појави болка во вагината? Што може да значи тоа?
Херпес
Силните болки, појавата на плускавци и болни лезии се симптоми на генитален херпес. Ако забележите меур, полн со водена течност по слузницата на вагината веднаш треба да оди на лекар.
Намалувањето на жариштата ќе ви помогне да ја стесните инфекцијата.
Вагинална сувост
Не си мислете дека тоа е проблем само на жените во менопауза. Младите жени исто така може да страдаат од вагинална сувост. Многу жени во репродуктивен период доживуваат болки предизвикани од вагинална сувост.
Таа се добива најчесто поради употребата на нискодозирани со естроген контрацептивни таблети. Акумулацијата во организмот може да ја спречи секрецијата на вагинален слуз.
Габични инфекции
Во полесни форми на габична инфекција обично симптомите се чешање, малаксаност, зголемена жолтеникава течност и лош мирис.
Но кај понапредните и нетретирани инфекции може да се појави многу силна болка во пределот на вагината.
Дојде ли до габична инфекција, треба да се применува дефинитивно адекватно лекување. Затоа не се самолекувајте, ако сметате дека е “едноставна габична инфекција”. Посетете доктор.
Ендометриоза
Ендометриозата или карличната воспалителна болест може да предизвика силни болки за време на сексуален чин или менструален циклус.
Болката се чувствува, бидејќи сите женските полови органи се воспалени. Ткивата се болни и иритирачки. При најмалата иритација настапува силна болка.
Пенисот на партнерот
Ако партнерот ви е надарен со голем пенис, постои веројатност болките да доаѓаат оттаму. Ако е така, проверете кои пози ви се најзгодни за да си ги заштедите непријатностите. Постои веројатност да се покаже дека и вагината ви е потесна од обично.
Вулводинија
При вулводинија повторно се чувствува непријатност при пенетрација. Кај некои жени болката е ненадејна и спонтана, кај други е константна.
Во светот има над 6 милиони жени кои по необјаснети причини чувствуваат болка во пределот на вагината и вулвата.
Иако медицински вулводинијата не претставува проблем, бидејќи причината за болката е со необјаснето потекло, таа може да предизвика сериозни психички растројства и да влијае лошо не само на интимниот живот на слабата жена, но и на нејзината работа и социјалните контакти.