(ВИДЕО) Војникот на АРМ за ТВ21: Не сум навредувал Албанци, моето потекло е од Корча!

Вели дека има потекло од Корча и дека живее опкружен со Албанци. Но, токму тој е посочен како едно од лицата кои учествувале во инцидентот во Крушево во кој, освен фрлањето на тврди предмети кон домашни и странски делегации, имаше навредливо скандирање против Албанците.

Богоевски е припадник на Министерството за одбрана. Од таму велат дека започнале истрага за случајот, а за таа цел формирана е и комисија. Тој вели дека бил во Крушево, но тврди дека не учествувал во инцидентите. Богоевски е убеден дека на крајот ќе излезе чист. Сепак, го загрижува нешто друго.

Во текот на вчерашниот ден имаше бројни реакции, но не и од оние кои се најповикани да реагираат, народните избраници. ВМРО-ДПМНЕ испрати неколку соопштенија по ред во кои ја обвинува власта за штетните државни политики. Но немаше ниту еден збор за осуда на инцидентот.  Иако беа прашани дали го осудуваат инцидентот, потврден одговор новинарите не добија.

Освен истрагата што ја започна Министерството за одбрана, според нашите информации и МВР започнало истрага против неколку полициски службеници кои биле во Крушево, а не реагирале соодветно и навремено.

Коментари

Популарно