(ВИДЕО) Македонија се испразни, Скопје се преполни: 5.000 станови се непродадени, нови 10.000 се градат

Над 5.000 изградени станови се непродадени, а трендот на изградба на нови продолжува. Податоците на Агенцијата за катастар и недвижности покажуваат дека во моментот се градат уште околу 10.500 станови, кои што треба да се пуштат во продажба. И покрај тоа што бројот на непродадени станови расте - цената на квадратот не поевтинува. Според Катастар, во споредба со минатиот, во овој квартал бројот на непродадени станови е зголемен за 183.

Најскапи се становите во Центар, Карпош и Аеродром, а најевтини во Струга, Штип и Кочани, каде што може да се забележи дека цената е двојно помала. Граѓаните, сепак, во изминатиот квартал повеќе купувале стари недвижности. Од над 5000 продажби, колку што се регистирани во Агенцијата за катастар, над 4.400 се продажби на стари недвижнини, додека нешто над 700 се продажби на новоградби. Најатрактивни локации и оваа година остануваат Аеродром и Карпош. Градот одамна е пренаселен и според некои податоци во моментов има 30 до 40 отсто повеќе жители од она што го дозволуваат економските и еколошките стандарди. Главниот проблем е во тоа што се уште не се напушта политиката се' да биде сконцентрирано во централното градско подрачје. Најголемиот проблем наглежните го лоцираат во немањето на централна експертска институција која ќе одлучува што, каде и колку се гради. Како резултат на тоа, некои делови од Скопје, како Дебар Маало, Кисела вода, и Аеродром стануваат неподносливи и опасни за живеење.

Генералниот урбанистички план на Скопје е донесен во 1965 година, каде што јужната страна од Градот, односно Водно и деловите под Водно се најубаво опфатени и најпосакувани за живеење.</За сметка на густата населеност на јужната страна, северната страна од Скопје е занемарена и недоволно инфраструктурно развиена. Освен овие скопски општини, бројот на продадени станови во првиот квартал е зголемен и во Тетово и Куманово. Сепак, Катастар констатира дека бројот на новоградби моментно ја задоволува побарувачката на станови.

Коментари

Популарно