Движењето #БОЈКОТИРАМ руши рекорди

Движењето #Бојкотирам по 28 дена активност на твитер платформата бележи енормен раст.

Почна со 5 креативци со различна политичка агенда а до вчерашниот ден анализата покажува околу 600 активисти кои дневно се во интеракција со хаштазите Бојкотирам, Бојкот, Бојкотирај и Бојкотираме. 

Околу 1200 пораки дневно се разменуваат контра грчкиот договор и високиот степен на корупција во владата.

Вкупно 673 активисти се поврзани со хаштагот Бојкотирам. Препознатливи по хуморот, иронијата и сатирата ја напаѓаат владината пропаганда но и нејасната позиција на опозицијата.

Во своите објави повикуваат Македонците да не спијат и чекаат друг да им ја заврши работата, да ја искористат шансата и со #Бојкотирам да се растури играта на политичарите и партиите, а народот да направи своја игра со свои правила.

Последното соопштение кое го пуштија за јавноста а кое не го преземаа ниту провладините ниту проопозициските медиуми најдобро зборува за важноста на #бојкотирам како непартиско и автентично граѓанско движење кое има потенцијал да им ги помати сметките на политичарите и партиите.

Дел од обидот да се дискредитира движењето #бојкотирам е и кампањата под исто име која ја започнаа маргинални политички партии и поединци.

Коментари

Популарно