ФОТО: Таа е природна барбика, а никогаш не била под нож

Русинката Анџелика Кенова, скоро никогаш ја нема напуштено својата куќа сама. Секогаш кога и да излезе, со неа има и неколку телохранители, затоа што според пишувањата на руските медиуми, таа е толку убава, а родителите така ја штитат од машките.

Анџелика изгледа како човечка барбика, а се чини дека предизвикува големо внимание.

-Додека растев, родителите ме одгледуваа како вистинска принцеза и не ме пуштаа надвор да излегувам со момците, па немав искуство како другите девојки. Затоа сега не водам нормален живот, јас сум како кукла.

Додека била девојче родителите ме претвораа во барбика и ми беше мило луѓето така да ме доживуваат, затоа што таа идол на девојките ширум светот, вели Анџелика.

Тврди и дека хируршки никогаш не го менувала своето тело, како и дека секој дел од нејзиното тело е природен, иако многу не и веруваат.

Додава дека родителите ја тераат редовно да вежба, а признала и дека сака да го напушти својот живот под стаклено  ѕвоно и почнала да живее како сите нормални луѓе.

Коментари

Популарно