Користење на маслиновото дрво кое може да живее и до 3000 години е познато од многу одмна. Античките Египќани користеле смеси со маслинов лист за мумификација. Маслиновото дрво се споменува во Библијата над 1.000 пати. Иако во денешно време акцентот се дава на маслиновите плодови и неговите производи ние тука ќе ги разгледаме фантастичните својства на маслиновите лисја.

Маслиновиот лист крие бројни лековити својства. Најмногу активно соединение во маслиновите лисја, за кое најчесто се врзани и терапевтски ефект се нарекува олеруопеин (горчлив монотерпенски гликозид). Всушност, олеруопеинот и производите на неговата хидролитска деградација имаат многу силна антибактериска активност.
Со маслиновиот лист се постигнува подобрување на состојбата во голем број на болести предизвикани од бактерии – пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, жолтица Б, херпес, итн. Исто така е добар и кај инфекции на уринарниот тракт, но и кај хируршки инфекции. Докажано е дека маслиновиот лист, исто така ги спречува инфекциите предизвикани од дејството на габи.
За соединенијата присутни во маслиновиот лист, генерално се смета дека го зајакнуваат имунолошкиот систем, ја зголемуваат енергијата на организмот, поседуваат антивирусни, антипаразитски, антибактериски и антигабични активности. Ги намалува или дури и целосно елиминира многу здравствени проблеми, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта и ЛДЛ ( често наречен “лош” холестерол, т.е. лошите масти кои се поврзани со развојот на кардиоваскуларните болести) во крвниот систем.

Долга е листа на болести, а особено на патолошки микроорганизми кои соединенијата од маслиновите лисја ги уништуваат. Доколку боледувате од било кој од следниве болести, користењето чај направен од маслинови лисја може значително да придонесе за подобрување на вашата здравствена состојба:
– Срцеви заболувања и регулирање на отчукувањето на срцето
– Високо ниво на масти во крвта
– Атеросклероза
– Херпес
– Артритис
– Дијабетес
– Синдром на хроничен замор
– Хепатитис А, B и C
– Менингитис (бактериски и вирусни)
– Вагинитис
– Ботулизам
– Дифтерија
– Листерија
– Маларија
– Чир
– Грип
– Воспаление на уринарниот тракт
– Енцефалитис
– Кламидиски инфекции
Прекумерна употреба на содржината на маслинови лисја може да предизвика брзо исчезнување на микроорганизми во телото и е потребно постепено да се зголеми вносот на чај.