Навикнати сме атрактивната пеачка Милица Павловиќ, секогаш да изненади со својот моден избор, со што уште еднаш потврди дека умее да го прикаже секој стајлинг, како и тоа дека беспрекорно и стои.
Кога ќе се најде на сцена, обично во прашање се некои помпезни и несекојдневни костими, кои секогаш привлекуваат внимание и коментари, меѓутоа кога ситуацијата од неа бара, таа умее да биде и доста елегантна.
Така младата пеачка се најде во центар на внимание на прослава на еден магазин со што уште еднаш го потврдила својот изглед и дека е на висина на задачата.
Она што исто така го забележавме, е чудната боја на деколтето на Милица, кое многу потсетува на модрица.
Дали е во прашање само лошо светло при фотографирање или модрицата на Милица е вистинска, останува да се шпекулира.