ФОТО: Поставени шатори пред Собранието

Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собранието, откако попладнево започнаа со протестот против утврдување на нацрт амандманите внатре согласно договорот од Преспа, со кој се предвидува промена на Уставното име.

Протестот е во организација на иницијативата „Македонија блокира“. Демонстрантите вејат македонски знамиња и бараат да се стопира процесот за уставни измени.

Како што велат, уште од утрината биле соочени со опструкции од полицијата, која прво поставила барикади на средина на улицата пред Собранието, а потоа, како што велат им ја исклучиле и струјата од трансформаторот во паркот „Жена Борец“, поради што морале да купат „народен генератор“ за да ја напојуваат опремата.

Демонстрантите поставија и шатори на улицата пред Собрание, каде ќе останат до Нова година за кога се планира и гласањето на уставните измени со кои се предвидува менување на уставното име на Република Македонија.

Околу Собранието се поставени силни полициски сили.

Коментари

Популарно