Заев најде скратен пат за членство во ЕУ!

Уште пред неколку месеци се откажав од пишување колумни посветени на премирот Заев. Не дека нема што да се напише, човекот е непресушен извор на глупости, туку секоја анализа на неговите изјави ми ствара огромна нервоза. Не се нервирам ја што Заев е неограничен извор на лаги и глупости, туку што ликов е премиер. Искрено, не можам да сфатам како му успеа да собере доволно гласови за да додјде до оваа позиција. Ако мене ми е волку тешко, како ли ви е на вас кои го гласавте?

Како и да е, и покрај тоа што со месеци го игнорирам „црпнатиов“ муртинец, по вчерашното интервју и неколкуте изјави за различни медиуми, не можам да а не му посветам страна две. Премиеров на Северна Македонија, во само еден ден, успеа да каже дека е добро што Британија се повлекла од ЕУ, па сега има столче за нас. Во интервју за балканска телевизија, освен што ПАК збореше на некој неразбирлив јазик, кажа дека иако на референдумот излегле 37%, дури 70% од граѓаните се за договорот со Грција. Правеле анкети во СДСМ и тоа е реалноста!  Значи, ми се гади од денешниве новинари. Како е можно некој во интервју да ти тресне ваква глупост и ти да си молчиш? КАКО? Јас да сум новинарот ќе почнам да се смеам. Озбилно! Ќе прснам од смеење и најверојатно ќе го прашам: Се заебаваш ти со мене? Имате референдум бе луѓе, какви анкети, каков договор! Опција беше договорот со Грција или да ја нападнеме со камења, изјави премиерот Заев, а новинарот само климна со глава! Ова ни на Монти Пајтон го нема! Туку, не ме боли мене што Зоки ни е лик од цртан филм. Не ме боли ниту пак опасниов новинар. Ме боли тоа што освен што го гласавте, сеуште има народ кој му верува! Сеуште има луѓе во Македонија кои се надеваат дека токму Заев е месијата. Дека сега стварно ќе ни тргне! Не знам како е тоа можно, освен ако сте заљубени во него, пошо нели, љубовта е слепа. Друго обрзаложение немам.

За да биде ситуаацијава уште полоша, наспроти Заев имаме математички прецизен демек лидер на опозиција. Човеков бара избори, на кои секкао ќе победел, а по победата во Македонија повторно ќе се родела светлината и надежта. Празни реченици кои ги слушаме 27 години. Уште при појавувањето на Преспанскиот договор, му порачав на ДПМНЕ и на секоја опозициска партија, дека ако сакаат да го срушат Заев ќе мора да понудат друга опција. Значи, еве Зоки реши да продаде се што Макеоднија има, и да стане Северна. Народот тоа не го подржа, но тој си тера (си има анкети чоекот). Неговиот став е јасен. Кој е ставот, програмата, планот на Мицкоски? Вели, место посрамена Севрна, тој ќе изградел горда Македонија. Супер, само не кажува како. Дали сака да ни каже дека ќе го поништи Преспанскиот договор? Дали ќе го раскине договоорот со Бугарија и ќе ја избрише Албанската платформа? Тоа ли е планот? Ако е тоа имам две прашања:

1. Како во НАТО и ЕУ без договорот од Преспа? Да не се лажеме, по ова нема да има подобар договор со Грција, барем не во скоро.Значи или договор или нема НАТО и ЕУ. Додуша ЕУ скекао нема, иако столчето на Британија е празно, барем не во наредниве 20-30 години.

2. Ако се оди на поништување на тие договори, кои САД во најмала рака ги поддржува, зошто кандидатот на ДПМНЕ за претседател, Влатко Ѓорчев, го подржа ставот на Америка за Венецуела? За оние кои не знаат што се случува таму, ќе ви кажам само една – две реченици. Опозицијата не ги призна изборните резултати, иако на истите имаше рекорден број на странски посматрачи. Истата опозиција бараше „ПРЕОДНА ВЛАДА“, а по изборите лидерот на опозицијата се прогласи за Претседател на државата и му понуди „АМНЕСТИЈА“ на Претседателот Мадуро! Ви звучи познато? Како тоа ДПМНЕ го подржува овој модел во Венецуела, а тука му пречи? Таков ли претседател ни нуди Мицкоски, а ветува поништување на Северна?

Лудилово нема крај, а се повеќе граѓани излезот го гледаат во излез од државава. Додека Заев и другарите ветуваат невиден раст, па и по цена на „железни опинци“ (зошто баш опинци одбра, еве не знам), народот сака да бега. Ретки се тие кои гледаат идниина тука и најчесто се политички поврзани со некоја гарнитура. 87% од граѓаните би се иселиле денеска, ако имаат обезбедена работа во некоја развиена држава. Не знам што велат анкетите на СДСМ и Заев на темава, но сликата е страшна и од ден на ден е се полоша. Кога за премиер имате лик кој не знае да збори, а она што ќе го разберете е тешка лага и глупост, 87% и не е така голема бројка. Жал ми е што како народ/и сме такви, па место да се бориме, излезот го бараме во бегство, но ве разбирам. Можеби еден ден ќе сфатиме дека битката за својот дом и своите деца е најсветото нешто, но до тогаш ви посакувам се најдобро каде и да ве однесе животот. Јас останувам тука, да севедочам за лудилото наречено Северна!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно