Хирургот кој ја оперираше српската водителка: И ја спасивме раката!

Според Српски Курир операцијата на Деа Џуревиќ поминала во најдобар ред. 

Иако траела долго и била тешка, докторите успеале да и ја спасат раката и успешно и е вратена циркулацијата во екстремитетите.

Деа околу 14 часот излегла од операциона сала, после повеќечасовна операција и според првите информации за среча зафатот бил успешен и се поминало во најдобар ред.

- Сега изглегувам од операционата сла и можам да кажам дека операцијата беше успешна. Јас и мојот тим, успеавме да и ја спасиме раката. Исто така, циркулацијата и е нормализирана, изјавил за „Блиц“ професор доктор Марко Бумбаширевиќ.

Таа утринава била повредена во сообраќајна несреќа, во која автобус и ја откинал раката, додека таа стоела до свтомобилот на тротоар.

Коментари

Популарно