Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов изјави дека согласно постапката денеска завршува огласот за самокандидирање. Постапката, потсети, финишира на 3-ти март со конгресот на партијата, а досега со самокандидирање има пријавено еден кандидат кој е добро познат на јавноста.

На прашањето зошто самокандидирање, и дали е тоа контрадикторно со обидите за изнаоѓање консензуален кандидат, Костадинов потенцира дека во целиот процес мора да има и самокандидирање.
– Можеби дел од пријавените кандидати ќе произлезат како заеднички кандидат на повеќето политички партии, рече портпаролот на СДСМ.
Прашан кој кој друг има право да предложи претседателски кандидат, Костадинов нагласи дека согласно постапката тоа право го имаат и општинските организации.
На денот на конгресот на партијата неможе да се предлагаат претседателски кандидати, постапката трае до 3-ти март. На Конгресот веќе се утврдува, а очекуваме, истакна, дека ќе се изгрди став за настап со заеднички кандидат.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска во Клубот на пратеници со средби со претседателите на ДПА и на „Алтернатива“, Мендух Тачи и Африм Гачи ги продолжува консултациите околу можностите за заеднички кандидат на престстојните претседателски избори. Заев вчера имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а се очекува во наредните денови да разговара со лидери и на други партии од и надвор од владината коалиција.