
Американката Кејли Хендершот, последните две години живее во Хрватска каде е мажена за Хрват по име Доминик.
Кејти изминатите неколку месеци на Јутуб објавува видеа во кои објаснува што ја излудува кај нејзиниот сопруг, а и разликата помеѓу Американците и Хрватите.
Во нејзиното последно видео навела 5 работи кои се конфузни за Американците.
„Интересно е дека во Америка не постои приземје, туку едноставно тоа е приот спрат“ вели таа и додава дека неколку пати залутала поради таа причина.
Американката наведува дека и е чудно што Хрватите со саати седат во кафеана, и мора да го викаат келнерот неколку пати откако ќе нарачат.
„Во Америка келнерот се враќа после некое време и прашува дали е се во ред и дали ви треба нешт, а овде мора да кренете рака за да дојде“ вели таа.