Екипа на корисничко енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија деновиве спроведува акција за исклучување на нередовните плаќачи од електричната мрежа.

Од КЕЦ Гевгелија денеска информираа дека се работи за околу стотина нередовни потрошувачи од кои дел се исклучуваат далечински преку новите броила, а дел од бандерите преку кои е извршен нивниот приклучок.
Членови од екипата која оди на терен велат дека тие не знаат за колку неплатени сметки ги исклучуваат корисниците од електричната мрежа и ги советуваат тоа да го сторат во службените простории на ЕВН во Гевгелија,каде повеќе нема наплатни шалтери, но од таму ги упатуваат граѓаните како и каде да се раздолжат за повторно да бидат вклучени во електричната мрежа.
Дел од веќе исклучените граѓани беа затечени откако ноќта ја минале во мрак мислејќи дека се работи за дефект и денеска со сметките во раце чекаа во ред на поштенските шалтери во градот да ги намират долговите и да побараат повторно приклучување во електричната мрежа.