Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа и откри што ѝ кажала

Денес е најголема балканска ѕвезда, а ваква иднина и судбина ѝ предвидела и Баба Ванѓа.

Лепа Брена своевремено ја посетила Баба Ванѓа, кај која одеа бројни јавни личности кои сето тоа го држеа во тајност.

-„Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец“. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татко беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво на памет. Бело одело, бела униформа, рекла Брена и додала:

„Не бев многу одушевена, бидејќи не можев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искреност”.

Коментари

Популарно