Која е пејачката од Македонија од каталогот на девојки за една ноќ?

На српската естрада настана голема паника откако на белградскиот аеродром уапсен главниот српски макро , Михајло Максимовиќ.

При апсењето на подведувачот бил најден список со сите девојки и нивните клиенти , меѓу кои и познати јавни личности. Според неофицијалните информнации тој го водел својот бизнис во Белград. Во скапи хотели и изнајмени луксузни станови договарал состаноци на неговите девојки со клиентите , кои му плаќале за услуги од 200 до 500 евра на час, или 2.000 евра доколку таа е со клиентот цел ден.

Во списокот на познати старлети кои биле дел од каталогот за овој скандал се и учеснички на реалити шоуто Задруга како Станија, Ана Кораќ, Мими Оро, Мина Врбашки, Сања Станковиќ… повеќето девојки се од Србија, но има една од Црна Гора, две од Босна и – две од Македонија. Едната Македонска практично веќе неколку години живее и оперира низ западна Европа, а другата е позната од јавниот живот во Македонија, нејзиното име е на С. и е интензивно активна на Инстаграм а повремено се занимава и со музика. Скопјанката доаѓала во Белград повремено, и на повик.

Посебна љубимица на макрото била Сања Станковиќ со која и самиот тој имал релации, и ја испраќал за највисоки цени само кај одбрани клиенти кои немаат “посебни барања“ од истата.

Според медиумите, девојките морале да се придржуваат кон строгите мерки на Максимовиќ. Тој ги принудувал да спијат најмалку осум часа, здраво да се хранат, редовно да одат во теретана за да вежбаат и да купуваат брендирана гардероба.

Сите српски старлети добро го знаат Максимовиќ, но ниедна не признава дека соработувала со него. Станија Добројевиќ , која е позната по учество во реалити шоу јавно ја обвини својата цимерка Сања Станковиќ  по што изби кавга и кршење на мебелот во куќата на реалити шоуто. И старлетата Тијана Ајфон на телевизија Пинк призна дека и е познат подведувачот, но тврди дека не била дел од неговите работнички.

На списокот најден кај Максимовиќ, освен девојките, коментарите за нив и нивните навики, се и клиентите меѓу кои има крим*налци, платени у*ијци, но и познати политичари, двајца српски фудбалски репрезентативци, и еден поранешен кошаркар. Досега од котрисниците е објавена само сликата на српскиот актер и од скоро политичар Сергеј Трифуновиќ кој е фотографиран во кревет со две старлети до наведениот каталог.

Во компјутерот на макрото се пронајдени повеќе од 300 фотографии на девојките и нивни клиенти, како и точни износи кои се плаќани за услугите.

Наскоро, како што било и досега во вакви прилики, ќе се појавуваат и поконкретни имиња и фотографии од каталогот на белградските работнички.

Коментари

Популарно