ФОТО: Ова е првиот сопруг на водителката на „Гранд“

Водителката на најгледаното балканско музичко шоу „Ѕвездите на гранд“ Сања Кужет со години наназад крие една тајна од својот приватен живот далеку од очите на јавноста.

Иако неодамна се омажи по втор пат и доби син, Сања пред девет години била во брак со член на обезбедувањето на телевизија Пинк, Зоран Пипер со кои исто така има син.

Кума на првата нејзина венчавка била Лепа Брена.

-Тоа беше љубов на прв поглед, Сања тогаш важеше за една од најатрактивните водителки, а тој беше многу упорен, бидејќи таа многу му се допадна. По неколку месеци забава, решија да се венчаат, открива извор за српските медиуми.

Инаку во тоа време Сања била водителка на временска прогноза.

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет пред неколку недели се појави на сцената од музичкиот натпревар во црна тоалета која во пределот на нозете е проѕирна.

Ваквиот изглед несомнено ги собра погледите и секако ги фокусираше камерите. Црниот фустан ги откри долгите нозе на Сања, кои се нејзин силен атрибут.

– Сања, како и секогаш гледам „Ѕвездите на Гранд“ само поради тебе, гласи само еден од коментарите за изгледот на атрактивната водителка.

Инаку, Сања по секое издание на популарното музичко шоу практикува да објавува фотографии од својот изглед, па профилот на Инсаграм и е преполн со вакви моменти за кои собира лавина од комплименти.

Коментари

Популарно