ФОТО: Дибиров вози исти како Ван Перси, Самсоненко вистински „ѕвер“

Ракометарите на Вардар овие денови се вистинска сензација низ цела Европа, не само дома во Македонија.

Иако спортските икони веќе неколку дена се одмораат дома по освојување на шампионската титула, медиумите секојдневно се потсетуваат на хероите кои не смее да бидат заборавени.
 

По вчерашната статија за понежните половини на црвено црните херои, денеска на ред се нивните автомобили.

Сепак според фотографиите  највоодушевувачки луксузен ѕвер вози Тимур Дибиров.

Имено Дибиров кој е познат по тоа дека е страстен љубител на скапи и брзи автомобили, тој до неодамна возеше Ауди А7, а во моментов вози Порше-панамера кое изнесува околу 80.000 евра.

Сепак во меѓувреме дали се подновил со нов автомобил не можеме да тврдиме со сигурност, но како и да е овој ѕвер му е доволен на Дибиров кој е исти како на фудбалерот Ван Перси.

Освен за единствениот ракометар кој на Инстаграм не го крие својот автомобил, достапни информации единствено најдовме и за сопственикот на клубот, Русинот Сергеј Самсоненко  кој вози модел од класата на Порше Кајен, вредно околу 100.000 евра.

Коментари

Популарно