ФОТО: Цена славеше роденден, а целиот регион зборува што и посака нејзината ќерка Анастасија

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера наполни 46 години, а роденденот го прослави со најблиските пријатели и роднини.

Нејзината ќерка Анастасија за српските „Телеграф“ откри како ја изненадиле нејзината мајка за роденденот.

-Направивме изненадување точно во 12 часот по полноќ, во нашиот дом. Нејзините најблиски пријатели и семејство и така сите заедно и честитавме. Многу се изненади, вели Анастасија.

На прашањето што и посакува на својата мајка таа вели најважно е да биде здрава и жива.

-Класика, да биде здрава и жива, да ниже успеси како и до сега и да биде среќна, вели Ражнатовиќ.

Фановите со задоволство коментираат дека Анастасија е скромна девојка и знае дека најважните работи во животот не се купуваат со пари.

Коментари

Популарно