ФОТО: Антониа Гиговска за прв пат се појави со момчето

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска ужива во љубовната врска со Иван Јованов од „Либеро бенд“, а сега прв пат пред камери се појави со своето момче.

Деновиве Гиговска беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска каде што зборуваше за својот професионален и приватен живот и призна дека е заљубена.

„Антониа кога е заљубена е заљубена. Антониа секогаш е многу ведра, насмеана. Секогаш ја сакала храната, ме почитувала, јас ја почитувам неа“ изјави Иван.

Гиговска неколку пати досега истакна дека Иван и е најголема поддршка кога станува збор за музиката.

Коментари

Популарно