Дали вашиот партнер „ви одговара“?

Вие конечно запознавте нова личност-партнер, добро се согласувате и ви се чини дека иднината ќе ви биде добра. Меѓутоа  дали и вашиот сексуален живот ќе биде подеднакво кавлитетен и возбудлив и уште една дилема – дали ќе остане таков?

Љубовта не се случува на прв поглед и може да помине некое време додека не стигнете до фазата на длабока врска што ве исполнува.

Дали има можност да препознаете дали си одговарате  со партнерот и во сексуална смисла?

Најчесто, одговорот е: кога ве возбудуваат исти нешта. Ако и двајцата сметате дека нешто е секси или еротско, тоа е еден од знаците дека се движите кон интимност и сексуална компатибилност.

Најпрво, одговорете искрено на овој мал квиз на психотерапевтката Стејси Кајзер:

Дали сте среќни и се смеете кога сте со таа личност?

Кога не сте заедно, дали се радувате на вашата следна средба?

Кога ќе се бакнете, дали чувствувате моментна физичка енергија и возбуда?

Дали сте подготвени да жртвувате спиење или незавршување на работа или обврска за да поминете повеќе време со оваа личност?

Дали при физички контакт со оваа личност, макар и само држење за рака, секогаш сакате повеќе?

Ако одговоривте позитивно и без колебање на повеќето од овие прашања, вашата врска ќе се разгори и ќе пламти уште долго, долго време, вели Кајзер.

Сексуалната компатибилност се потпира на едноставна хемија меѓу две личности, вели доктор Израел Хелфанд. Повеќето луѓе кои се во успешни, долги и здрави сексуални врски велат дека едноставно го сакаат чувството што им го предизвикува другиот, нивниот мирис, па дури и вкус.

Без оваа магнетна привлечност и желба за физичко присуство на другата личност, сексуалната компатибилност е само задоволителна.

Независно од тоа дали само што сте ја запознале вашата „сродна душа“ или таа личност ја познавате со години, не заборавајте дека комуниакцијата е неопходна за одржување на здравата врска, вклучувајќи ја и сексуалната.

Денес е полесно да се впуштите во сексуални авантури, отколку навистина да разговарате за сексот.

Двојките кои не можат да разговараат отворено треба да размислат за квалитетот на нивниот сексуален живот и што можат да преземат во врска со тоа

Коментари

Популарно